371 санкционирани возачи во Скопје, од кои 120 за пречекорена брзина

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози