Лекарите бараат министерот Никола Тодоров да им се извини, а тој со предупредување

Од:

Извршената анализа на податоците кои пет доктори во едно Одделение во Градската општа болница „8 Септември“ ги внесувале во електронскиот систем за плаќање по успешност, што е дел од целосната анализа во таа ЈЗУ, покажува дека тие внесувале помалку интервенции од она што реално го завршиле, но внесувале толку помалку интервенции колку што е потребно со цел на крајот на месецот сите доктори да имаат успешност 1 односно сите да земат иста плата. Тоа значи дека внесувале лажни податоци со цел исходот од анализата да биде наместен така што сите доктори да имаат коефициент 1 односно 100 проценти плата.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека забрането и казниво е внесување неточни податоци без оглед дали станува збор за внесени повеќе или помалку извршени интервенции затоа што и на едниот и на другиот начин се предизвикува неточен резултат при електронската обработка на податоците.

– Осум други здравствени установи направиле целосна корекција на првично внесените податоци во овој период со нови податоци. Во тие здравствени установи го прифатиле мојот апел дека не сакам никој да биде казнет, туку само да имаме точни податоци во системот, рече Тодоров.

Потенцира дека направиле анализа врз основа на податоците од инспекцискиот надзор од страна на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, контролорите од Фондот за здравствено осигурување и ИТ експерти вработени во Министерството за здравство и оти посебно се земени предвид интервенциите кои се направени во дежурство имајќи предвид дека работата во дежурство се третира како учинок 1.

Доколку, нагласи министерот, ги земеме како точни податоците кои во овој момент и се уште се внесени во системот како реално извршени здравствени услуги од страна на докторите тогаш сите пет доктори ќе имаат учинок 1 и ќе земаат 100 проценти од нивната плата.

– Меѓутоа доколку ги земеме податоците кои се внесени не во нивниот хоспитален информатички систем туку податоците кои се внесени во дневникот на здравствената установа, тогаш добиваме различни резултати. Од анализата за месец март првиот доктор ќе има 18 проценти намалена плата, вториот-20 проценти зголемена плата, третиот-100 проценти плата, четвртиот-20 проценти намалена плата, и петтиот 12 проценти намалена плата. Исходот ќе биде тројца доктори кои ќе имаат намалена плата, еден да има 100 проценти од платата и еден да биде награден, рече Тодоров.

Тој појасни дека договорот бил да внесуваат помалку интервенции од тоа што реално е сработено со цел сите да бидат во рамки на маргината на дозволено отстапување кое се движи од 0,96 до 1,02 коефициенти. Доколку, истакна Тодоров, сите се во оваа маргина на отстапување тогаш сите имаат 100 проценти плата.

– Суштината на оваа реформа е тој доктор кој сработил најмногу да земе 20 проценти повисока плата и да биде награден за тоа што најмногу работел во тој месец, а тој што најмалку работел и ќе земе 20 проценти помала плата да му биде намалена со цел наредниот месец да се корегира и да изврши повеќе прегледи и да не се дозволи да има сериозна разлика меѓу квантитетот на работа на еден и друг доктор кои работат во рамки на исто одделение и во иста здравствена установа, посочи Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека докторите ќе земат онаква плата каква што внеле во системот за плаќање по учинок.

– Ако внеле неточни податоци ќе земат плата која несоодветствува на реално сработеното. Од 16-ти до крајот на месецот ќе се направи инспекцискиот надзор во сите здравствени установи во државата, додаде Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство