Контраразузнавачка агенција на Русија уапси агент на ЦИА во Москва во обид да регрутира офицер на руската тајна служба, соопшти Федералната служба за безбедност.
Руската служба вели дека агентот работел под маска на дипломат од кариера.
Притвореното лице е Рајан Кристофер Фогел, третиот секретар на политичкиот оддел од американската амбасада во Москва.
Агенцијата истакна дека Кристофер кај себе имал специјална опрема, печатени упатства за рускиот државјанин, како и голема сума на пари за да го промени изгледот на лицето.
По приведувањето на агентот на ЦИА и добиените информации тој и е предаден на американската амбасада во Москва.