(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче доскорешниот прв КОВИД центар го доведе до финансиски колапс

Од:

„Дали неспособноста на ново-стариот министер за здравство Венко Филипче ескалира, и тоа уште на самиот почеток на новиот мандат?

Дали во „новата нормалност“ Клиниките и болниците во Република Македонија се наоѓаат пред финансиски колапс? Освен што недостасува медицински кадар по здравствените установи, сега постепено излегува на површина и финансискиот дефицит.

Имено, јавноста деновиве беше сведок на шокантна вест која што проструи во медиумскиот простор, дека Градската Општа Болница „8-ми Септември“ е пред финансиски колапс. ФЗОМ, според информациите кои се јавно достапни, должи финансиски средства за речиси 13.000 пациенти лекувани од КОВИД-19 во оваа болница“, рече Синиша Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво е ова што се случува во македонското здравство. Над 12.000 прегледи на болни со КОВИД-19 и над 2.000 излекувани пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот прв КОВИД центар во Република Македонија.

Шест месеци ГОБ „8-ми Септември“ функционирала без префрлени средства од ФЗОМ, па затоа сега има потешкотии да ги набави основите материјали за нормално функционирање.

На скандалите им нема крај. По ваков еден невиден скандал, Филипче го нема никаде да одговори зошто оваа елитна болница е доведена до работ на егзистенција?

За ова одговорност од надлежните мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува ФЗОМ и министерот за здравство Венко Филипче да одговорат на јавноста што е причината за овој скандал? Каде се финансиските средства кои што треба да се исплатат на болницата? Зошто до сега истите не се исплатени и зошто болницата е доведена до раб на егзистенција?

Филипче не успеа да се справи ниту со првиот бран, кој во Република Македонија е продолжен со неколку пикови. Предвидливо е за жал дека најверојатно нема да може да се справи ниту со вториот.

Неспособноста на оваа старо-нова влада досега не чини над 700 човечки животи. Време е да се понесе одговорност за ваквата неспособност“, изјави Синиша Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски