Петнаесетина реномирани македонски уметници од утре ќе творат паралелно во Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица, Демир Хисар, и во село Цапари, Битола на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“.
Паралелните ликовни колонии ќе почнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите.
На уметничкото гумно во село Слоештица од утре до петти октомври ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.
Во село Цапари, од утре до 30 септември ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич . Почесен гостин е Беди Ибрахим.
И двете ликовни колонии се делумно поддржани од Министерство за култура.