Вчера во 08:30 часот во Прилеп на ул. „Октомвриска“, маскирано лице влегло во пошта на АД „Македонски Пошта“, и со закана со пиштол се обидел да изврши разбојништво над вработените, но откако му било кажано дека нема пари, сторителот се откажал од намерата и се дал во бегство.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.