Модерното време ја зголемува деменцијата

Од:

Модерниот начин на живеење кај луѓето предизвикува деменција побрзо отколку што тоа било случај претходно, а едно истражување тврди дека за тоа се виновни модерните електронски направи, како што се компјутерите, мобилните телефони и хемикалии.

Научниците забележале голем пораст на смрт од деменција и останати невролошки заболувања кај луѓето под 74 години и веруваат дека овие резултати не можат да се објаснат со фактот дека во денешно време животниот век на луѓето е продолжен. Наместо тоа, научниците сметаат дека причините за тоа мораат да се бараат во важните општествени и еколошки промени.

Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од невролошки болести во 16 западни земји опфатени со истражувањето се зголемил за 16 отсто, а според податоците на Светската здравствена организација смртноста кај мажите е зголемена за 32 процента, а кај жените дури за 48 отсто.

– Ова се резултати за вистински луѓе и семејства и треба јасно да се каже дека тука станува збор за „епидемија“, предизвикана од модерниот начин на живеење и промените во општествениот живот и нашето опкружување. Имајќи ги предвид големите промени во последните 30 години – забрзаниот развој на електронските апарати, порастот на зрачењето на компјутерите, микробрановите рерни, телевизорите, мобилните телефони, потоа брзиот развој на патниот и авионскиот сообраќај, кои уште повеќе ја загадуваат животната средина, како и хемиските додатоци кои се користат за производство на храна, не сме многу изненадени од резултатите, истакна Колин Причард од Универзитетот Бурнмут во Англија.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска