Познатата македонска поп дива и оперска пејачка, Наде Талевска – Спасовска, на овогодинешниот Макфест 2020 се претстави со прекрасната балада „Оваа љубов“.
Аранжманот, текстот и музиката му припаднаа на Бобан Василески, а извонредните вокални способности на Наде дојдоа до израз и не оставија никого рамнодушен.