(ВИДЕО) Костадинов: Со именувањето на Ковачки, наместо демократизација Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Со изборот на членови на Извршниот комитет Мицкоски ја потврди режимската, криминална матрица на оваа партија, која се уште е раководена и уредувана од Никола Груевски.

Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан.

Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет.

Нема и не смее да има место за политика во Армијата.

Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите.

Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции.

Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија.

Овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја.

Со Мицкоски и Груевски ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна, антинародна и недемократска партија посветена само на одбрана на криминалот.

Затоа три пати по ред се казнувани од граѓаните на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права