Франција: Петгодишно девојче исчезна од парк

Од:

Петгодишната Фиона исчезнала додека се играла во парк во Клермон-Феран во централниот дел на Франција.

Со Фиона во паркот била нејзината мајка која седела на една од клупите и помалата сестра Ева која се играла со останатите деца. Во еден момент мајката заспала и кога се разбудила девојчето не било тука.

Фотографии со ликот на Фиона се објавени во медиумите, а полицијата ги повикува сите кои нешто виделе во врска со случајот да се јават, пренесе италијанскат агенција Анса.

Паркот е детално прегледан, а во пребарување на теренот се вклучени два хеликоптери со термички теле камери.

Стотина лица учествуваат во потрага по петгодишното девојче.

Во моментот кога Фиона исчезнала во паркот имало многу родители со деца, наведува Анса.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили