Трамп: Бајден даде пари за пластични операции, а носи маска

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп праша зошто неговиот противкандидат на претстојните претседателски избори Џо Бајден, „ги потроши сите пари на пластични операции, кога го крие лицето со маска“.

Трамп повторно го исмеваше Бајден (77) за носење маска и го обвини дека извршил пластична операција на предизборен митинг во близина на Питсбург, една недела пред првата претседателска дебата, пренесува Индипендент.

– Зошто по ѓаволите ги потроши сите тие пари на пластична операција ако го покрива лицето со маска, рече Трамп.

Тој ги праша насобраните во местото Мун Таншип дали мислат дека Бајден ќе носи маска за време на дебатата, на што тие позитивно извикуваа.

– Џо се чувствува добро поради тоа, продолжи Трамп.

Тој на митингот повтори дека смета дека поранешниот потпретседател на САД треба да се тестира за дрога пред дебатата.

Двајцата претседателски кандидати ќе се соочат на првата дебата на 29 септември во Кливленд, а ќе ги модерира водителот на Фокс Њуз, Крис Волас.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати