ВИДЕО: Симболично отворена канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација за развој во Белград

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и извршниот директор на американската Меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Болер денеска потпишаа заедничка изјава и симболично ја отворија канцеларијата на ДФЦ во Белград.

Тие поради пандемијата со коронавирус вирутелно ја претставија канцеларијата за јавноста, преку видео на кое се појави американскиот амбасадор во земјата Ентони Годфри.

Амбасадорот Годфри во видеото рече: „Подготвени сме за работа“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со американската делегација изјави дека земјата во која сакаат Американците да инвестираат има иднина.

Тема на дводневните разговори меѓу српските претставници и делегацијата на ДФЦ, која пристигна синоќа во Белград, беше инфраструктурата и економскиот развој на Србија и регионот.

Пред новинарите се обрати и извршниот директор на американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Болер.

„Дојдовме затоа што видовме фокус кон промените. Отворањето на канцеларијата го покажува нашиот интерес за поширок економски развој на овој регион. Лидерите на овие земји се определија за народот, а не за политичките поделби. Тие се одлучија за нови работни места, а не за поделби од минатото“, истакна Болер.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија