Трамп: Кина мора да одговара пред светот за пандемијата

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Генералното собрание на ОН нагласи дека Кина мора да одговара пред светот за своите постапки во врска со пандемијата на Ковид-19.

Во снимената порака објавена на годишниот состанок на ОН, Трамп го обвини Пекинг дека дозволил коронавирусот „да ја напушти Кина и да го зарази светот“.

„Обединетите нации мораат да ја сметаат Кина за одговорна за своите постапки“, наведе тој.

„Во најраните денови на вирусот, Кина забрани домашни патувања, додека дозволуваше летови да ја напуштаат Кина и да го заразуваат светот,“ рече американскиот претседател.

Тој во минатото ја напаѓаше и Светската здравствена организација, тврдејќи дека таа ги повторувала ставовите на кинеските власти за пандемијата, но ова се покажа како неточно.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски