Проштална средба на претседателот Пендаровски со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска на проштална средба ја прими Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија.

На средбата, соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за пријателските односи меѓу двете држави кои во изминатите години бележат нагорен тренд, при што било изразено очекување за натамошно нивно продлабочување во сите сфери од заеднички интерес, особено на економски план.

– Соговорниците констатираа дека Јапонија е голем поддржувач на нашата земја за интеграција во евроатлантските структури и придава големо значење за стабилноста и просперитетот на Југоисточна Европа, а каде што стабилниот развој на Република Северна Македонија има значајна улога, стои во соопштението.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за постојаната финансиско-техничка помош што Јапонија и ја доделува на нашата држава од нејзиното осамостојување до денес, при што била истакната јапонската поддршка за осовременување и унапредување на здравствениот сектор, што во услови кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19 е повеќе од драгоцена.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман на амбасадорката Кеико Ханеда, која воедно беше и прв резидентен амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски и посакал успех во натамошниот нејзин професионален ангажман.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска