Путин ги укина визите за спортистите

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес ги укина визите за спортистите и спортските работници, кои доаѓаат во таа држава на меѓународни натпреварувања, соопштија од Кремељ.

-Учесниците на меѓународните спортски натпревари може да влегуваат и излегуваат од Русија без поднесување на барања за виза, на основа на постоечките документи со кои го потврдуваат својот идентитет, се наведува во документот кој што го потпиша Путин.

Путин на владата и нареди да одреди колку време може да останат во државата, оние што доаѓаат без виза.

Русија во наредниот период ќе прими голем број спортисти, бидејќи ќе ги организира Зимските олимписки игри 2014 и Светското првенство во фудбал 2018.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски