(ВИДЕО) Костадинов: Со мерката 14 500 денари за три месеци поддржани 120.000 вработени и 20.000 компании

Од:

„СДСМ, преку Владата којашто ја предводи, презеде ефикасни и навремени економски мерки за помош на граѓаните и економијата во справување со последиците од коронавирусот.

Благодарение на навремената реакција, во нашата држава се спасени стотици илјади работни места и помогнати се десетици илјади компании.

Фактите потврдуваат“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Ова, почитувани, не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија.

Покрај компаниите, финансиска поддршка добија и самостојните вршители на дејности. За месеците април, мај и јуни беа поддржани близу 6.000 вршители на самостојни дејности а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра.

Во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, за нашите граѓани, за нашата економија“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он