Дендиас: Турција да даде опипливи знаци на почитување на меѓународното право

Од:

Повлекувањето на „Оруч рејс“ е позитивен, но прв знак, потребни се многу други опипливи знаци на почитување на меѓународното право, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по завршувањето на Советот за надворешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

-Советот препозна дека повлекувањето на „Оруч Рејс“ е позитивен знак, но е прв знак. Турција ќе треба да даде многу други опипливи знаци на почитување на меѓународното право. За прашањето повторно ќе се разговара на Советот на шефови на држави и влади, за да можеме конечно да стигнеме до насоки за европско -турските односи. Се надеваме дека дотогаш Турција ќе даде, повторувам, опипливи знаци на почитување на меѓународното право, порача шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија