ВМРО-ДПМНЕ: Македонија брои 700 починати од корона, Филипче нема ни план ни стратегија, треба да си поднесе оставка

Од:

„Здравствениот систем во Македонија е во колапс уште пред да почне вториот бран од пандемијата со корона вирусот. Тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на Зоран Заев и Венко Филипче. Македонија заклучно со последното деноноќие достигна 700 починати од корона вирус и 16.780 заразени. Овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие податоци се поразителни. Филипче прогнозираше осум пати помалку заразени и починати од корона кризата во првиот бран и заедно со Заев промовираа нова нормалност која придонесе епидемијата да излезе од контрола. Затоа вината е кај нив и она што може Филипче во најмала рака да направи е да си поднесе оставка како неговиот чешки колега.

Владата покажа дека ниту знае, ниту може да се справи со здравствената криза. Единствено ги интересираше да се доберат до власт без да направат конкретен план и стратегија, заштитни протоколи и мерки како да се заштити здравјето и сега во пресрет на вториот бран не знаат што треба да прават.

Заев и Филипче ги интересира само бизнисот на власта да врви, тие не се справуваат со проблемите, бидејќи самите се дел од проблемот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ