Лозано ќе пее на македонски

Од:

По втората проба во Малме арената, нашата евровизиска делегација донесе конечна одлука, делот кој го пее Влатко Лозаноски да биде отпеан на македонски јазик, пишува eurovision.tv, а според коментарите, тоа ги направи среќни и бројните евровизиски фанови кои сметаат дека македонската верзија е многу поубава од англиската.

Според кореографијата, двајцата пејачи на сцената се појавуваат еден по еден и пеат на различни страни од сцената пред да се спојат на средината дури на крајот на песната.

Додека трае нивната изведба, зелената, жолтата и пурпурната боја ја збогатуваат сценографијата.

Есма и Лозано заедно со Нина Јанева и Елеонора Мустафова, кои ќе им прават друштво на сцената како придружни вокали, ќе настапат под редниот број 3 во втората полуфинална вечер закажана на 16-ти мај.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија