Митаракис: Одговорните за пожарот во Мориа ќе се соочат со грчката правда – затвор, па протерување

Од:

Одговорните за пожарот во Мориа, што стави во опасност илјадници животи, ќе се соочат со грчката правда, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и додаде дека „откако ќе ја издржат казната ќе бидат протерани од земјата.

Говорејќи во грчкиот Парламентот на надлежната комисија, Митаракис објасни дека настаните од Мориа ја покажаа потребата за изградба на затворени, контролирани центри што, како што рече, ќе ја гарантираат безбедноста и на бегалците и мигрантите, но и на локалното население.

-Мориа заврши. Имаме можност да изградиме од нула, нешто подобро, во соработка со ЕУ и според стандардите на новите Центри за прием и регистрација на Самос, Кос и Лерос. Модерни, безбедни и пристојни центри и за имиџот на земјата и за барателите на азил, истакна министерот

Пред речиси две седмици, бегалскиот камп Мориа целосно изгоре по подметнатите два пожари, а беа уапсени пет лица.

Бегалците и мигрантите што останаа без кров над глава, се сместуваат во новиот, привремен камп Кара Тепе, исто така на Лезбос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески