Жерновски во увид на поплавените подрумски простории во ТЦ „Буњаковец“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски  денеска во Трговскиот центар „Буњаковец“ беше да ја види состојбата со поплавените подрумски простории.

Раководителот на Заводот за геотехника при Г.И.М. „Македонија“, констатираше дека причина за поплавените подруми се високите подземни води. Според раководителот, вакви поплавувања на подземни простории има и во други објекти во општината, како што се објектите „Тифани“, Евростандард банка“, „Соборниот храм“ и други.

Градоначалникот Андреј Жерновски, им вети на граѓаните дека ќе направи се што е во негова надлежност за да им се помогне и по консултацијата со надлежните да се бара трајно решение на овој проблем.

Во текот на утрешниот ден, ќе биде инсталирана пумпа за да се направи обид за отстранување на водата од поплавените подрумски простории.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила