ВИДЕО: Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Словенија, Милан Предан

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан и изрази задоволство од одличните билатерални односи и од успешната соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со интензивна соработка, безрезервна меѓусебна поддршка и почитување.

Освен пријатели, нагласил Пендаровски, стои во соопштението од неговиот Кабинет, Северна Македонија и Словенија се сојузници во НАТО и додал дека поддршката и соработката ќе продолжат и во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Шефот на државата истакнал дека билатералните односи меѓу двете земји се пријателски, со успеси во повеќе области. Словенија, подвлекол, е наш значаен трговски партнер, со бројни инвеститори, препознатливи по своите производи со одличен квалитет, се присутни на македонскиот пазар.

Во контекст на справувањето со пандемијата на КОВИД-19, претседателот Пендаровски се заблагодарил за помошта која Словенија, уште на самиот почеток на кризата, ѝ ја додели на нашата држава, како и за успешната координација меѓу нашите две држави во однос на практичните искуства и решенијата за надминувањето на овој феномен. Пендаровски потсетил, се наведува во соопштението, дека двете земји имаа и заеднички ангажман и придонес за безбедноста и стабилноста на нашата јужна граница во справувањето со мигрантските текови.

Амбасадорот Предан заблагодарувајќи се на топлото добредојде истакнал дека пријателството и партнерството кои двете земји започнаа да ги градат во времето на поранешната заедничка држава, се зајакнале во периодот по независноста на двете земји, додавајќи дека односите секогаш биле искрени, без скриени агенди, засновани на взаемна доверба и разбирање едни на други, овие односи денес се одлични и без отворени прашања, што е посебна скапоценост.

– Амбасадорот Предан истакна дека кон тоа придонесоа и богатите економски, културни и други контакти како на државно ниво, така и меѓу луѓето. Тој додаде дека над илјада македонски студени секоја година се образуваат на словенечките универзитети, а врските меѓу помладите генерации се најголемата гаранција за нашата идна соработка и непроценлив капитал што мора да продолжиме да го негуваме, се посочува во соопштението.

Тој изразил и уверување дека Република Словенија и понатаму ќе застане покрај Република Северна Македонија и со своето знаење и искуство ќе помага на патот кон полноправно членство во ЕУ.

– Бевме силни поддржувачи на на вашето членство во НАТО и сме силни поддржувачи на што побрзиот почеток на вашите преговори со ЕУ. Заедно со моите колеги во амбасадата, ќе се потрудам словенечката поддршка за овие клучни цели да ги следи вашите желби и очекувања, се подвлекува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски