(ВИДЕО) ЛДП: Да ја потсетиме министерката, изборниот фалсификат не застарува

Од:

Министерката Гордана Јанкуловска во интервјуто за Радио Слободна Европа не одговори на суштинското прашање-кој дал наредба пред самите локални избори да се издадат лични карти на жителите на Пустец. Кој ја спроведуваше операцијата на фиктивно сместување на лицата од Пустец во еден стан, па дури и некои на напуштени ливади или пак што е спротивно на Законот, во станови на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, реагира ЛДП.

Роза Топузова Каревска праша дали како и за другите граѓани, за лицата од Пустец е испочитувана во целост процедурата за добивање жителство и лична карта и дали некој провери во становите и куќите каде се посочените адреси кој и колку од нив живеат тука.

-Дали е свесна министерката дека овие граѓани не само што не остваруваат одредени права, како што вели таа интервјуто, туку токму од неа се навредени, понижени, потценети, изманипулираи и измалтретирани. На непримерен и недостоинствен начин три пати едноподруго дури и стари лица се носени со автобуси од Пустец во Центар, само за да биде избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар. Не само што проектот беше разоткриен и осуден од ЛДП и од другите опозициски партии, туку беше нотиран како негативен пример и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори. Да ја потсетиме министерката, која сега од оваа позиција може да ја избегне одговорноста дека изборниот фалсификат е кривично дело кое не застарува, наредбодателот и извршителите кога и да е, ќе одговараат ред Законот, рече Топузова Каревска.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ