ВМРО-ДПМНЕ: Филипче излажа – и по една година откако вети 24-часовно обезбедување и видео надзор во болниците – нема

Од:

„Венко Филипче ги излажа лекарите и медицинските работници. Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот.

Нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче на 18-ти септември на протест на лекарите и медицинските работници под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ на кој и самиот лицемерно присуствуваше вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви. Филипче излажа.

Беше ветено 24 часовно обезбедување на болниците и видео надзор со цел да нема напад врз лекарите.

Филипче ја злоупотреби довербата на лекарите.

На протестот на лекарите Филипче вети и дека ќе го изедначи нападот врз лекар и медицинско лице со нападот врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано, за никој да не се осмели да нападне лекар. Тоа не е случи. Лекарите се жртви на напади и понатаму.

Филипче ги излажа и изманипулира лекарите. Филипче вети и не реализира. Време е Филипче да понесе одговорност“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ