Тајван со ултиматум до Филипините: Извинете се или ќе ја платите цената

Од:

Тајван упати ултиматум до Филипините барајќи официјално извинување за семејството на тајванскиот рибар, кој беше убиен од страна на филипинската крајбрежна стража во Јужното Кинеско Море.

Во спротивно, како што нагласуваат тајванските власти, ќе ја платат цената. Филипините признаа дека минатиот петок нивната крајбрежна стража отворила оган кон тајвански рибарски брод поради недозволен риболов.

Филипините, Тајван, Кина, Малезија, Виетнам и Брунеи водат дипломатски територијален спор околу Јужното Кинеско Море богато со риба и потенцијални наоѓалишта на нафта и гас.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате