Со засадување желади во саксии од страна на учениците од основното училиште „Партение Зографски“ денеска почна кампањата „Садница плус“, во рамки на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
Во рамки на денешната акција за засадување учествуваше и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
Покрај тоа што засадивме желад во една саксија, кај младите генерации засадуваме нова култура, традиција, желба и почит кон македонскиот даб и македонската шума. Тоа е нешто непроценливо и Владата ќе продолжи да ги почитува напорите на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“, изјави Коњановски.
Проектот е поддржан и од страна на општина Кисела Вода.
Градоначалничката Билјана Беличанец – Алексиќ, посочи дека се опфатени осум училишта и две градинки од општината.
Кампањата „Садница плус“, по втор пат се реализира во сите основни училишта и градинки низ државата.
Акцијата почна да се реализира од март 2008 година и до сега засадени се над 30.000 садници.