Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска.
Финските власти соопштија дека нема повредени и оти се подготвува евакуација на патниците.
Крузерот Аморела сообраќал од финскиот град Турку до Стокхолм, а на бродот има околу 200 патници и 80 членови на екипажот.