Резултатите од предвремените парламентарни избори во Бугарија не донесоа јасен политички расплет за ситуацијата во земјата и големото незадоволство на граѓаните.
Малата процентуална разлика меќу „ГЕРБ“ и бугарските социјалити не ги решава горливите проблеми.
Граѓаните уште синоќа го кажаа својот револт.
Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „ГЕРБ“ нема да има лесна задача ако сака да формира Влада, затоа што нема сигурна друга политичка поткрепа.
Борисов се уште не им се обратил на граѓаните по изборната победа.
Бугарските солцијалисти сметаат дека се вистински морални победници на изборите.
Партијата „АТАКА“ која освои близу 7,6 проценти од гласовите уште синоќа посочи дека нема да ја поддрживладата под водство на „ГЕРБ“.
Партијата на турците,пак, ќе ја почитува граѓанската волја.
„ГЕРБ“ на изборите освои над 31,38 отсто од гласовите, соопшти државната изборна комисја.
По неа следува Коалиција за Бугарија, во која доминираат социјалистите, со 27,34 отсто, на трето место е етничката турска партија „Право и слобода“ со 9,15 отсто, а во Парламентот влезе и партијата „АТАКА“.
На вчерашните избори гласаа 6,9 милиони бугари со право на глас.
Според агенцијата „Галуп“ одзивот на избирачите бил 47,4 проценти.