По 4 години криење британската полиција во соработка со шпанските власти, го уапси еден од најбараните британски криминалци Ендру Моран додека уживал покрај базен во Шпанија, јавуваат медиумите од Островот.
Моран се најде на црната листа на британските власти откако успеал да избега од судница во текот на судење за вооружен грабеж на британската пошта во 2005 година.
Инаку, во вилата каде што се криел пронајдени се и два пиштоли, 60 куршуми и една мачета.
Моран во ноември минатата година успеал да избегне апсење при бркотница со автомобили со шпанската полиција.