Бангладеш ќе им ги зголеми платите на текстилците

Од:

Бангладеш, третата земја во светот со најголемо производтсво на текстил, планира да им ги зголеми платите на текстилните работници, откако се урна зградата во која работеа повеќе од 1100 текстилни работници.

Веста вчера ја соопшти министерот за текстилна индустрија на Бангладеш, откако пристигна информацијата дека бројот на жртви од уривањето на зградата се искачил на 1126.

Уривањето на зградата кое се случи на 28-ми април годинава предизвика внимание кај целокупната светска јавноста за екстремно лошите услови и ниските плати за кои работат текстилците во Бангладеш.

Комисија составена од сопственици на текстилните фабрики, текстилни работници и како и претставници на Владата на Бангладеш во рок од три месеци, ќе треба да предложи нови повисоки дневници за текстилните работници.

Уривањето на зградата во која работеа текстилните работници, не само што е најголема нсреќа во историјата на Бангалдеш, туку е и најголема несреќа од овој вид во светски размери.

Од рушевините на зградата извлечени се уште две тела, а како што велат спасувачките екипи, телата се во многу лоша сосотјба со што е отежната нивната идентификација.

Во врска со несреќата уапсени се 12 лица меѓу кои и сопственикот на текстилната фабрика во која се шиела облека за голем број светски брендови.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници