Иран повторно се заканува со одмазда за смртта на генерал Сулејмани

Од:

Командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Салами денеска се закани со одмазда кон сите што се вмешани во ликвидацијата на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Како што е објавени на интернет-страницата на Револуционерната гарда, Салами во пораката испратена до американскиот претседател Доналд Трамп најавува дека иранска одмазда поради „маченичката смрт“ на генералот ќе биде „очигледна, сериозна и реална“.

Претходно, Трамп се закани дека САД жестоко ќе одговорат на каков било обид на Иран да се одмазди за смртта на генерал Сулејман, истакнувајќи оти Вашингтон ќе возврати „илјадапати посилно“.

Изминатите денови се појавија наводи дека Иран планирал атентат врз америкаснката амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, но Салами ги демантираше таквите тврдења.

– Дали мислите дека за маченичката смрт на својот брат ќе возвратиме така што ќе нападнеме амбасадор, која е жена? Ќе ги нападнеме оние кои имаа директна и индиректна улога. Треба да знаете дека на удар ќе се најде секој што имал улога во случувањето и ова е сериозна порака, истакна Салами во пораката до Трамп.

Иранскиот генерал Сулејмани беше убиен во јануари при напад со американски дрон во Багдад.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел