САД ќе го зголеми военото присуство во Сирија по низата помали инциденти со руските војници, што ги зголеми тензиите во таа земја.
– САД не сакаат судири со која било нација во Сирија, но, ако е потребно ќе ги браниме силите на коалицијата, изјави капетанот на американската морнарица Бил Урбан, кој не ја именува Русија.
Претходно, неименуван американски претставник соопшти дека најновиот чекор на САД е јасен сигнал дека Москва треба да го продолжи процесот на деескалација, како и дека Русија и другите страни треба да избегнуваат непрофесионални, небезбедни и провокативни акции во североисточниот дел на Сирија.