На протестот поради рестриктивните мерки во Елстерник, јужен Мелбурн денеска се уапсени 16 луѓе, а 21 лице се парично казнети, соопшти полицијата на австралиската држава Викторија.
– Фрустриани сме што овие луѓе продолжуваат да ги загрозуваат животите на граѓаните на Викторија, изјави портопаролката на полицијата.
Таа додаде дека поголемиот број граѓани одговорно се однесуваат.
– Однесувањето на неколкумина себични луѓе, кои го игнорираат препораките нема да биде толерирано, посочи портпаролката на полицијата.
Во Викторија денеска е пријавен најмал број на новозаразени со Ковид-19 во последните три месеци, што е можност за олабавување на строгите рестриктивни мерки до крајот на месецот.
Во изминатите 24 часа во австралиската сојузна држава регистрирани се 21 случај на новиот коронавирус, што е војно помалку од вчерра, а починаа седум луѓе.