ФОТО: По две и пол години, жителите на Ногаевци добија мост

Од:

Селото Ногаевци го доби мостот кој ги поврзува со цивилизацијата, после две и пол години откако надојдениот Вардар го урна мостот, пренесува Дума.мк.

Изолација и асфалт недостигаат на мостот кој се санираше повеќе од две години за и официјално да биде пуштен во употреба. Двата носечки столба се готови, додека останатата конструкција на мостот e иста.

Сепак ногаевчани се движат по мостот, пешки и со возила, и се среќни што конечно се поврзани со железничката пруга и патот кој води кон Велес и Градско. Маките кои ги преживеаја во изминативе години се зад нив и велат дека конечно земјоделските производи можат да ги носат на пазар по санираниот мост.

Фото – Дума.мк

Би можело да ве интересира

Македонија е подготвена да го измени Уставот за пристапување кон ЕУ, но бара гаранции

Горан Наумовски

Антикорупциска оформи предмет – Истражува судир на интереси во случајот Фокуснет против Македонски Телеком

Предраг Петровиќ

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Горан Наумовски

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип