ФИФА донесе одлука технологијата си која се утврдува дали топката ја премина гол линијата или не, по прв пат да биде употребена на претстојното Светско клупско првенство кое ќе се одржи во декември во Јапонија.
Доколку оваа новина се покаже како успешна тогаш ќе се применува и на Купот на конфедерации во 2013 година но и на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Постојат многу примери кога судиите не го виделе очигледното, не ги признале регуларните голови, а последниот таков случај беше на ЕУРО 2012 кога На Украина и беше поништен голот против Англија.
За оваа техноплогија ќе бидат користени сва система. Првиот е како во тенисот „соколово око“, при што шест камери ќе ја снимаат топката и со компјутерска обработка ќе се донесува пресуда дали таа ја поминала илио не, г0л линијата.Другиот систем е “GoalRef”. Се работи за мал вграден механизам во топката а дали ја поминала линијата ќе покажуваат поставените магнетни полиња. Известувањето дали е постигнат погодок ќе пристигнува на часовникот на судијата.