А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

24-годишен скопјанец криел пушки, пиштоли и хероин закопани во шума во Железара

by А1он18/09/2020 - 23:0919/09/2020 - 09:524341
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а надлежен обвинител вечерва достави предлог за одредување мерка притвор.

Добивај вести на вибер

Како што информира ОЈО, ссомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто