Бурата „Јанос“, која има елементи на тропско невреме, денеска зафати големи делови од Грција, носејќи силен дожд и ветер и предизвикувајќи катастрофални поплави.
Во невремето настрада и познатата плажа „Ерусалим“ на островот Кефалонија, а според снимките објавени на социјалните мрежи, некогаш прекрасниот, идиличен залив сега е непрепознатлив и веројатно променет засекогаш. Во еден момент од видеото, се гледа како незадржливата буица влече автомобил преку гребенот.
Catastrophic flooding in Greece today (#Kefalonia) as an intense tropical-like cyclone #Medicane #Ionas slams the island.
Reports of the entire Jerusalem beach eroding away – changed forever.pic.twitter.com/PovJY2kVgq
— Scott From Scotland (@ScottDuncanWX) September 18, 2020
Сликите од плажата „Ерусалим“ пред невремето најдобро ја покажуваат разорноста на „Јанос“.
Грчката државна метеоролошка служба издаде нови предупредувања за бурата, која според прогнозите, се очекува да се движи кон југоисток.
Досега нема информации за повредени и жртви, но предизвикана е огромна материјална штета.