Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони вчера вети дека ќе продолжи да дава поддршка на владата на премиерот Енрике Лета, иако противниците се надеваа дека ќе предизвика политичка криза, откако судиите оваа недела ја отфрлија неговата жалба на пресудата поради затајување на данок.
-Тие мислеа дека ќе се повлечам и ќе го загрозам опстојувањето на владата, но погрешија, како и секогаш. Имаме намера да дадеме поддршка на владата-порача тој.
Неколку илјади симпатизери на Берлускони вчера во Бреша се собраа на митинг за да искажат негодување за неговата пресуда.
Апелацискиот суд во среда ја подржа првостепената пресуда со која Белускони е обвинет на четири години затвор и забрана за политичка активност во наредните пет години.
Елена Георгиевска