Ќе се обновуваат улици во Карпош 1 и Карпош 2

Од:

Советниците во Советот на Општина Карпош денеска ја изгласаа предлог-одлуката за давање согласност за потпишување анекс договор за реализација на проектот „Карпош за еднаквите во училиштата 2020/2021 година“.

Со оваа одлука, како што соопшти Општината, средствата обезбедени од буџетот на Агенцијата за вработување, УНДП се обврзува да ги префрли на Општина Карпош, според однапред утврден распоред за исплата. Согласно договорот, ќе се овозможи кофинансирање од Општина Карпош на 20 образовни асистенти во износ од 20 проценти од месечниот надоместок од девет илјади денари, за период од осум месеци, додека локалната самоуправа ќе надомести вкупно 288.000 денари за платите за образовните асистенти.

Советниците ја одобриле и одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Карпош во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

– Со оваа одлука се утврдува потпишување на Договор за подзаем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка во висина од 16.464.946 денари, а со цел финасирање на капитален инвестициски проект кои ќе опфатат реконструкција на улици во урбаната заедница Карпош 1 и Карпош 2 и тоа: реконструкција на улицата „Гиго Михајловски“ со вкупна вредност од 2.254.390 денари со вклучен ДДВ, на улицата „Иван Аговски“, со вкупна вредност од 5.212.237 со вклучен ДДВ, на улицата „Шекспирова“ со вкупна вредност од 6.262.378 со ДДВ, како и реконструкција на коловозна површина со тротоари на улица „Мирка Гинова“, со вкупна вредност од 2.917.941 со ДДВ, се вели во соопштението.

Во објектот „Виножито“, во населеното место Бардовци, како дел од детската градинка „Распеана Младост“, ќе се адаптира и посебен јаслен дел, односно ќе се приспособат и соодветно ќе се опремат просториите за прием на најмалите деца до две години, односно Бардовчани ќе може да ги запишуваат своите деца во категоријата „јасли“ во детската градинка во своето место на живеење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Општина Карпош ќе плати 2,4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Перински: Потегот на Струмица и Карпош не е решение, најмногу губат граѓаните

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Општина Карпош демантира дека издала одборение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет