Денови на Крали Марко во Прилеп

Од:

Во Прилеп на 15 и на 17 мај ќе биде организирана седмата по ред манифестација Денови на Крали Марко. Со неа ќе биде одбележана годишнината од загинувањето на Кралот Марко, опеан јунак во народната традиција и препознатлив белег на Прилеп.

Во Центарот за култура „Марко Цепенков’ присутните ќе имаат можност да ја погледнат проекцијата на анимираниот филм за Крали Марко, кој е изработен од учениците од Прилеп и од Кралево.

На 17 мај на мултимедијално платно во населбата Варош под Марковите кули ќе се одржи ликовен хепенинг насловен „Децата го цртаат Крали Марко“, а вечерта со почеток во 20 часот во амфитеатарот во Варош ќе биде одржан акустичен концерт на групата La Colonie Volvox на кој ќе настапат Сашо Гигов – Гиш, Калина Велковска, Предраг Икономовски и многу други.

Од локалната самоуправа изјавуваат дека оваа манифестација го промовира градот Прилеп како место каде што живеел легендарниот Крали Марко и место што претставува неодминлина дестинација за туристите.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај