Австралиската Влада ја помага новинската агенција ААП

Од:

Австралиската Влада соопшти денеска дека ќе обезбеди пет милиони австралиски долари (3,7 милиони американски долари) за новинската агенција Australian Associated Press (ААП), која се најде во финансиски тешкотии поради пандемијата на коронавирусот.

– AAP Newswire обезбедува услуги на повеќе од 250 водечки регионални медиуми низ Австралија, покривајќи ја содржината на јавниот интерес во националните, државните и регионалните вести, рече министерот за комуникации Пол Флечер.

– Новинарството од јавен интерес е важно денес, поважно од кога било досега. Пет милиони долари ќе му овозможат на ААП да продолжи да обезбедува важни медиумски услуги за заедниците низ Австралија, додаде тој.

Притисокот врз австралискиот премиер Скот Морисон за поддршка на новинската агенција се интензивираше откако претходните сопственици News Corp и Nine Entertainment објавија во март дека планираат да ја затворат.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча