Тој што барем еднаш ја посетил Москва и се возел низ нејзините улици, нема да се изненади што руската престолнина неодамна беше прогласена за град со најголем сообраќаен метеж.
Интересно е што на оваа листа помеѓу десетте најлоши градови во светот по метеж, ги нема Њујорк, ниту пак Лондон.
Најновото истражување на една холандска компанија која што се занимава со производство на навигациски систем, покажа дека од 161 градови, Москва е на самиот врв во оваа категорија.
Бројот на возилата постојано се зголемува, а улиците не може повеќе да се прошируваат, па од година во година значително се зголемува потрешеното време во метежите.
За една година граѓанин на Москва, поминува 127 часа, што е околу пет дена, во чекање.
Најтиражниот московски весник „Комсомолска правда“ повеќе пати ги предупреди властите дека брзината со која што се движат автомобилите е се побавна.
Поради метежот во централниот дел на Москва најчесто се вози со брзина од 20 километри на час.
Милијарди за автомобили
Во јануари и февруари годинава Русија увезе автомобили во вредност од две ипол милијарди долари. Увезени се 117.000 возила од запад, како и 3.000 возила од поранешните сојузни републики.
Елена Георгиевска