(ВИДЕО) Мицкоски: Пратениците треба да ги корегираат политиките на старо-новата влада

Од:

Обврската пред новиот пратенички состав е мошне сериозна. Македонија е пред отворање на пристапни преговори со Европската унија, но истовремено се соочуваме со здравствени, економски, социјални и образовни предизвици кои се од голем размер, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната обука „Зајакнување на капацитетите на новоизбраните пратеници“, организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот „МК91“.

– Предизвиците кои стојат пред сите нас се глобални, но и внатрешни, поврзани со лошото владеење, злоупотребата и нефункционалноста на институциите. Токму со силен капацитет нашата пратеничка група треба да биде истовремено и коректив на сите погрешни чекори на актуелното парламентарно мнозинство, но истовремено да нуди и мерки и решенија кои ќе обезбедат просперитет, стабилност и поквалитетен живот за нашите сограѓани, рече Мицкоски.

Овој пратенички состав пред себе ќе биде исправен со сериозен предизвик да корегира политики на една старо-нова влада која, како што рече лидерот на опозицијата, покажа исклучително низок капацитет во справување со барањата потребите и проблемите на граѓаните.

-Македонија за жал овие три години назадува, стана најкорумпираната држава во Европа, а има и пад на листата на Дуинг бизнис, што говори дека сивата економија и криминалот сериозно удираат по стабилноста и просперитетот на Македонија. Заради ваквата состојба имаме сериозен пад на економијата и стандардот на граѓаните кој дополнително го влошуваат со непромислени потези како поскапување на електричната енергија, но истовремено сме земја од која најголем број млади сакаат да се отселат. Европските вредности и стандарди стануваат се подалечни за нашиот народ, бидејќи таму кај што царува криминалот, селективната правда и сиромаштијата, таму нема напредок. Колку порано се застане на патот на оваа деструктивност, толку побрзо ќе се фати патот на успехот и благосостојбата. А вие како пратеници сте ја добиле поддршката од народот за тоа да работите и за тоа да се борите, порача Мицкоски.

Според него, избраните пратеници, со својот личен придонес за промоција на европските искуства и вредности ќе помогнат Македонија побрзо и поуспешно да излезе од вртлогот на безредието и да чекори кон подобро утре на нашите идни генерации.

Фондацијата „Конрад Аденауер“ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ која во изминатите 20 години има вложено многу во зајканување на капацитетите на нашата политичка партија. Таа соработка ја цениме и ќе продолжиме со засилена динамика да ја развиваме и негуваме.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО