Возобновена католичка црква во Штип

Од:

Во Штип по 50 години се возобнови католичката црква, која за само четири години повторно е изградена на старата локација во непосредна близина на зградата на Народниот театар-Штип. Возобновенета Католичка црква го носи името Благовестие.

По повод отворањето и одржувањето на процесијата денеска присуствуваа ватиканскиот претставник апостолскиот мунци Јанош Полоњек, бискупот Кире Стојанов, градоначалникот, Илчо Захариев, поранешниот градоначалник Зоран Алексов и католички верници од Штип и целиот источен и југоисточен регион.

Ватиканскиот претставник Полоњек ги пренесе поздравите и воедно благословот за возобновената католичка црква, која е изградена од верниците католици.

-Од Светиот отец, папата Фрањо новиот Вселенски пастир на црквата ве благословува од се срце и ја споделува со вас радоста за успешното завршување на оваа големо дело, рече Полоњек.

Бискупот Кире Стојанов истакна дека градот Штип во кој живеат народи со различни култури и религии заслужува да го има новиот храм, во кој сите свои религиски потреби ќе ги извршуваат римокатолиците.

-Овој храм е добредојден за сите луѓе со добра воља, посакувам тој да служи за доброто на сите луѓе за духовниот раст, духовното богатство, духовното помирување со господа, бога. Оттука и благодарност до сите оние кои што помогнаа да дојде до една ваква состојба и да можеме денес да го благословиме и отвориме храмот, рече Стојанов.

Портпаролот на Здружението на Хрвати „Либертас“, Долорес Кашуба-Петров рече дека ова е голем ден за римокаталоците, односно Хравати кои по 50 години доживееја да имаат повторно своја црква. Во изминатиот пола век католиците од Штип венчавките, крштевките и чествувањето на сите празници мораа да ги извршуваат во Скопје.

-Верувам дека овде секој ќе го најде својот божји мир, мирот во душата, со добра мисла, со поглед кон бога и вербата кон него ќе не има секоја недела, кога ќе се одржуваат и нашите свети миси. Ова свето катче значи многу. Досега католиците одеа во сите други храмови, а ние од Штип заминуваме во Скопје, бидејќи само таму имаше католичка црква, вели Кашуба-Петров.

Таа додава дека во Штип има 77 римокатолици, но овој храм е отворен и за останатите католици, односно грчки католици кои живеат во Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски