ВИДЕО: Циклонот беснее во Грција, јахти удираат во карпите

Од:

Исклучително редок медитерански циклон, „Медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека од силина на ветрот, јахтите се удираат од карпите.

Метеоролозите претходно најавија дека делови од Грција ќе се соочат со многу редок метеоролошки феномен што ќе го погоди грчкото крајбрежје, со многу силни налети на ветер и огромна количина на врнежи.

Под удар на циклонот, јахтата која пловела под знамето на Швајцарија, носена од силни ветрови и струјата, одлетала на карпите на полуостровот Итака.

Како што се наведува, лицата кои биле на јахтата успеале без помош да стигнат до брегот, пренесе агенцијата АНА.

Најновите прогностички модели покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на тие простори.

Во Грција е издадено предупредување на висок степен, а жителите се повикани да се засолнат.

Грчките метеоролози очекуваат огромни количини на дожд, поплави и ветрови со над 200 километри на час.

Исто така е издадено предупредување од највисок степен, а жителите беа повикани да се засолнат.

Пристигнаа и снимки од невремето во Закинтос, инаку популарно туристичко одморалиште.

Грчките власти соопштија дека засега има материјални штети, но за среќа нема жртви.

Властите соопштија дека се забележани прекини на електричната енергија на островите Закинтос, Кефалонија и Итака.

Засега нема точни податоци за количината на врнежи што ги донесе циклонот со себе, како и за јачината на ветерот, бидејќи во оние делови каде Јанис „удри“ најсилно, всушност нема електрична енергија, па и мерењето на податоците е оневозможено, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната