Сеул ќе ја тужи Презбитеријанската црква за новиот бран со Ковид-19

Од:

Локалната власт на главниот град на Јужна Кореја, Сеул денеска побара отштета од четири милиони долари од Презбитеријанската црква поради предизвикување на нов бран на епидемијата и попречување на тестирањата за Ковид-19.

Сеул стана жариште на новиот коронавирус откако верници од Презбитеријанската црква во средината на август одржаа протест. Оттогаш во градот дневно се пријавуваат по трицифрени заболени лица.

Локалната власт на Сеул најави дека ќе подигне тужба против црквата Саранг Јеил и нејзиниот пастор и критичар на власта Јун Кванг-хун, бидејќи придонеле за повторно ширење на Ковид-19 и одбивање и попречување на епидемиолошките истражувања и поднесување на лажни материјали. Сеул ќе бара и отштета од четири милиони долари.

И Јужнокорејското здравствени осигурување најави дека ќе ја тужи цркавата и ќе бара отштета од 4,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски