„Оро без граници“ оваа година во поразлично издание

Од:

„Оро без граници“, Меѓународниот детски фолклорен фестивал оваа година ќе се одржи во поразлично издание. Децата нема да го одиграат најголемото детско оро, но виртуелно ќе пропатуваат заедно два дена низ различните култури и различните ритми на Северна Македонија, Бугарија, Грција, Полска, Словачка, Србија, Турција и Хрватска .

Програмата на оваа манифестација ќе може да се проследи на 19 и 20 септември со почеток во 12 часот на Фејсбук страната или на Јутјуб каналот на „Оро без граници“.

Детскиот културен центар Карпош е домаќин на настанот, гостуваат ансаблот Македонија и Каршиака , а главен покровител на настанот е Град Скопје.

Оро без граници е симбол на пријателство меѓу децата, што трае цели 29 години и е приказна која го буди најубавото и исконското во нас.

Би можело да ве интересира

32. издание на „Оро без граници“

Триесетгодишниот јубилеј на „Оро без граници“ ќе се заокружи со две фестивалски вечери

Ана Ололовска

Фестивал „Оро брз граници“: Виртуелна игра и дружба на деца од осум држави

Ана Ололовска

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Ана Ололовска