Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост поради носењето на законите за основно и средно образование по скратена постапка

Од:

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја споделува загриженоста со целокупната јавност, затоа што денес како што и самите знаете, предлог законите за основно и средно образование ги имаме на дневен ред по скратена постапка.

Гласавме на пленарната седница за донесување на потребата од овие закони од причини што навистина веќе е крајно време училиштата да почнат со работа, но еве накратко да ги споменам забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои што детално ќе ги образложиме на Комисијата за образование и наука и на пленарната седница“, вели Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Планот за одржување на наставата во основните и средни училишта во учебната 2020/2021 година во кој е предвидено далечинско учење е донесен пред донесувањето на законите што е крајно несфатливо и несериозно.

Училиштата во голем број средини се без интернет и компјутери. За таа цел треба да се зголемат средствата за образование во општините. Дали се зголемени?

Личниот и образовен асистент би требало да ги посетуваат физички, учениците со посебни потреби барем еднаш неделно за да се одржи континуитет и социјализација на учениците. За нив не се предвидени средства, ги плаќа UNDP, скромно. Како ќе ги обезбедат потребните средства?

Зошто нема изработено скратена програма од Бирото за развој на образование и доставена до училиштата иако учебната година е скратена за еден месец.

До каде е платформата која што од наши сознанија на прави ФИНКИ, како е платена или ќе се плати? Колку време ќе им треба на наставниците и децата да се обучат“, прашува Благица Ласовска.

„Како наставниците ќе ги обучуваат децата за заштита од Ковид 19, кога за тое не се обучени ни тие самите.

И, можеби едно од најглавните прашања е, дали оваа власт планира да направи скрининг на сите наставници, како што не направи на воспитувачите и негувателките, а ги отвори градинките.

Значи има голем број на отворени прашања, нејасни прашања за кои што Владата не дава одговори, а денес како што и сами гледате на седницата се доставени предлог законите за основно и средно образование“, додаде Благица Ласовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски