(ВИДЕО) Костадинов: Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство

Од:

Зборуваме македонски јазик кој е признат од цел свет и искрено сум убеден дека билатерални спорови нема да бидат камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање во врска со меморандумот што Бугарија го достави до земјите членки на Унијата.

Тој нагласи дека како сериозни политичари и СДСМ како сериозна партија секогаш давале шанса по пат на дијалог и по пат на обемни разговори, да бидат затворени сите крупни прашања коишто ги тиштат граѓаните на нашата држава, но и граѓаните на државите со којшто сме имале претходни тешки спорови.

– Она што е најважно дека еве и јас од овде сум Македонец, јас од овде зборувам македонски јазик, вие поставувате прашања на македонски јазик и секако и најважно согласно договорите, признаени од цел свет. Јас искрено сум убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ нема да бидат билатерални спорови, во случајот со Република Бугарија, истакна Костадинов.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски