Милошоски: Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет

Од:

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи македонското Собрание, како контра одговор на бугарското Народно собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа, како што вели, афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент.

– Европа и нејзиното мото обединети во различностите би требало да важи и за Македонија и сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани од сите политички партии во Република Македонија дека не треба да се преговара, напротив треба да бидат афирмативни. Мислам дека Собранието би било добро како контра одговор на Бугарското национално собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потвредени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент, рече Милошоски.

Запрашан за тоа дали неговата партија ќе поддржи отворени листи за локалните избори, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери се спремни да дикскутираат за секоја тема, вклучително и за подобрување на Изборниот законик за локални и парламентарни избори.

Според нивните сознанија, како што истакна, во моментот во владината коалиција не постои усогласеност по однос на изборните измени и изборниот модел за локални и парламентарни избори.

– Ние како опозиција не чуствувме дека треба да бидеме супститут за несогласувањето во владината коалиција и затоа упативме прашања до министерот за правда и до Владата дали неговите изнесени ставови на прес-конференција за отворени листи за поразличен модел за локалните и парламентарни избори се заеднички и конечен став на владината коалиција, изјави Милошоски.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк